Селекцијата на Црна Гора прва обезбеди пласман помеѓу најдобрите осум селекции во светот, откако во соседското дерби ја совлада Србија со 31-29 во осминафиналето.

Црногорките во фазата по групи го фатија последниот воз за влез во елиминациските натпревари, а таму го покажаа вистинското лице победувајќи ја Србија која заврши на првата позиција во групата.

Србинките во најлош можен момент го одиграа најслабиот меч на Мундијалот, а тоа во целост го искористија ракометарките на Црна Гора. До 50-та минута црногорките констатно имаа пет голови предност, а дури во финишот србинките стигнаа да намалат, но немаше време за избегнување на елиминација.

Најефикасна во селекцијата на Црна Гора беше ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ со десет голови, а Катарина Булатовиќ реализираше шест погодоци. Кај србинките најпрецизна беше Драгана Цвијиќ со седум погодоци.

Црна Гора во 1/4 финалето силите ќе ги одмери со Франција која за влез помеѓу осумте најдобри ја совлада Унгарија со 29-26.

OhridNews