Репрезентативците на Алжир забележаа значајна победа во втората рунда од Х групата над Јужна Кореја, совладувајќи ја со 4-2.

Алжир својот квалитет го покажа и на дуелот со Белгија кога претрпеа пораз 2-1, а го капитализираа со победата против корејците.

Претходно во „европското дерби“ во групата Белгија со минимални 1-0 ја совлада Русија и го завери пласманот во 1/8 финалето.

Резултати : Јужна Кореја – Алжир 2-4, Белгија – Русија 1-0

Табела : Белгија 6, Алжир 3, Русија 1, Јужна Кореја 0.

Мх.П.