Жителите на Колумбија на своите фудбалски репрезентативци им приредија величествен пречек по доаѓањето од Светското првенство во Бразил.

Колумбијците беа едно од најпријатните изненадувања на Мундијалот, а натпреварите ги завршија во 1/4 финалето претрпувајќи пораз од Бразил 2-1.

Не само што ги освоија срцата на своите навивачи туку и неутралните почнаа да ја симпатизираат селекцијата на Колумбија.

Мх.П.