Селекцијата на Шведска со минимална победа (1-0) над Јужна Кореја ги започна натпреварите на Мундијалот и ја заокружи првата рунда во Ф групата.

Моментот на одлука на мечот падна во 65-та минута кога Андреас Гангвист погоди од белата точка и донесе важни три бодови.

Во втората рунда од Ф групата Шведска ќе се сретне со Германија, додека Јужна Кореја силите ќе ги одмери со Мексико.

OhridNews