Светското првенство во фудбал 2022 година кое ќе се одржи во Катар ќе се одигра во зима. Финалниот натпревар е закажан за 18 декември додека почетокот ќе биде на средината од ноември.


Извршниот одбор на ФИФА потврди дека одлуката е донесена иако клубовите беа против одржување на Мундијалот во зима.

Националните шампионати и клубските натпреварувања ќе претрпат сериозни измени сезона пред и после Светското првенство во Катар.

Мундијалот се одржува в лето по завршување на сезоната, но поради високите темпаратури во Катар светската куќа на фудбалот мораше да бара солуција.

Мх.П.