Селекциите на Шкотска и Англија во возбудлив и крајно неизвесен натпревар ги поделија бодовите ремизирајќи (2-2) на Хемпден Парк во шестата рунда од квалификациите за Мундијалот во Русија.

Мирните и несодржајни 45 минути не наговестија бура од емоции во второто полувреме. Англичаните после еден час игра ја погодија стативата, а десеттина минути подоцна поведоа со голот на Чемберлејн 1-0.

После примениот погодок шкотите се разбудија и ја презедоа иницијативата на теренот. Офанзивниот фудбалер Грифин во 87-та минута погоди за 1-1 од слободен удар, а за три минути повторно беше прецизен од слободен удар за транс и делириум на стадионот.

Англија од пораз ја спаси капитенот Кејн, кој се најде на правото место во третата минута од судиското продолжение. 

И покрај ремито англичаните останаа на првата позиција во Ф групата, додека шкотите со осум бодови се наоѓаат на четвртата позиција.

OhridNews