Селекцијата на Америка со 2-1 ја совлада репрезентацијата Гана во вториот натпревар од Г групата.


„Црните ѕвезди“ имаа повеќе од играта, креираа повеќе шанси, но американците одиграа мошне ефикасно во нападот постигнувајќи два погодоци од четири удари. Капитенот Демпси и Брукс погодија за Америка, а Андре Ајев го постигна почесниот погодок за Гана.


Во втората рунда Германија игра против Гана, а Америка со ранетиот лав Португалија.

Мх.П.