Се` е отворено по првиот ден на натпреварите одиграни во  Задар во 2- та група каде е Македонија.

Боиновиќ е српскиот херој кој во финишот на мечот против Германија успеа да ја затресе мрежата за реми 35-35.Работите дополнително се замрсија по тримфот на Полска над Данска.

Главна група 2 (Задар), прво коло :

Македонија – Норвешка 27-29
Германија – Србија  35-35
Полска – Данска 32-28



Табела: Германија 5, Данска 4, Србија 3, Македонија 2, Норвешка 2, Полска 2.


Ако ништо не е јасно во групата во Задар, тогаш нема дилеми кои ќе бидат патниците во полуфиналето во загрепската група. Победите на Хрватска и Франција широко им ја отворија полуфиналната порта.


Главна група 1 (Загреб), прво коло:

Словачка – Јужна Кореја 23-20
Унгарија – Хрватска 22-27
Франција – Шведска 28-21



Табела: Франција 6, Хрватска 6, Словачка 3 Шведска 2, Унгарија 1, Јужна Кореја 0.

Ohridnews