Бразилскиот супермодел, Жизел Биндшен, најверојатно ќе му го додели пехарот на победникот на светското првенство во фудбал. Жизел на церемонијата на доделувањето на пехарот ќе ја замени претседателката Дилма Русеф, која не е премногу популарна во својата земја.

Дека популарноста на Русеф опаѓа беше забележливо и на отворањето на СП, кога беше исвирката во момантот кога влегуваше на стадионот во Сао Паоло.
Одделни медиуми пренесуваат дека поканата до Жизел Биндшен пристигнала директно до ФИФА и дека таа одговрила позитивно.
Инаку, на Мундијалите не постои традиција околу доделувањето на пехарот. Пред четири години пехарот на Шпанците им го врачи првиот човек на ФИФА, Сеп Блатер, додека не е познат идентитетот на луѓето кои во 2006 година му го врачија пехарот на италијанскиот капитен.
Финалето на Мундијалот во Бразил ќе се одигра на 13-ти јули на легендарната „Маракана“ во Рио де Жанеиро.
„Макфакс“









