Најголемото дерби во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Ливерпул ќе биде испратено на посебен начин, односно на Олд Трафорд ќе дебитира „спајдермен“ камерата која се поставува над теренот.


Челниците на Премиер лигата и властите во Манчестер дозволија употреба на камерата од ваков вид која снима 360 степени цело време во текот на натпреварот.

– Голем натпревар каков што е Манчестер Јунајтед и Ливерпул е вистински момент да ја употребиме оваа технолгија. Ова е дерби од светски рамки, затоа на гледачите се одлучивме да им понудиме уште еден дополнителен сегмент за уживање. – стои во писмото од Премиер лигата.

Иначе, ваквиот вид технологија на терените се употребува од далечната 1984 година во Америка на рагби мечевите. „Спајдермен“ камерата исто така се користи во финалето од Лигата на Шампиони и на натпреварите од Светското првенство во фудбал.

 Дербито на Олд Трафорд во рамките од 21-та рунда во Премиер лигата се игра в недела со почеток во 17 часот.

OhridNews