Екипите на Спал и Верона со освојување на првите две позиции на табелата во Серија Б обезбедија промоција во најсилната италијанска лига Серија А.
Тимот на Спал кој доаѓа од Ферара и е составен исклучиво од италијански фудбалери со триумфот над Бари (2-1) го осигура првото место, додека второто Верона го завери со ремито без голови (0-0) против Чезена.
За третиот билет кој води во Серија А ќе се борат шест екипи по пат на бараж мечеви. Во баражот, Фросинено и Перуџа ќе бидат повластени, односно ќе ги чекаат победниците од дуелите меѓу Беневенто – Специја и Цитадела – Карпи.
Победниците од полуфиналните натпревари ќе се сретнат во финалето и победникот ќе обезбеди пласман во Серија А.
OhridNews