Селекторот на италијанската репрезентација Лучијано Спалети најде забелешки за своите фудбалери и покрај победата над Еквадор.

Италија синоќа го победи Еквадор со 2:0 во пријателски натпревар одигран во Харисон, САД.

Видовме позитивни моменти во двете полувремиња, но не бевме доволно јасни кога ја освојувавме топката. Не ја задржавме доволно долго, лесно ја губевме. Сепак, покажавме тимски фудбал во текот на целиот натпревар – ова е фундаментална работа. Во првото полувреме имавме поголем посед на топката, повеќе напаѓавме и можевме да постигнеме повеќе, изјави Спалети за „Football-Italia“.

Двете репрезентации се сретнаа по трет пат во историјата. Во 2002 година на Светското првенство Италијанците ги победија Еквадорците со резултат 2:0, а во 2005 година резултатот беше 1:1 во пријателски натпревар.

Италија летово ќе учествува на Европското првенство во Германија.

OhridNews