Италијанскиот калчолигаш Рома во 1/8 финалето го заврши овогодинешниот настап во Лигата на Шампиони. Неприменлива пречка за „волчицата“ беше тимот на Реал Мадрид кој со вкупни (4-0) се пласираше во 1/4 финалето.


Рома покрај поразот на Сантијаго Бернабеу (2-0) одигра одличен натпревар. Херој на „кралевите“ беше Кејлор Навас кој имаше неколку фантастични интервенци, а стрелци на головите беа Кристијано Роналдо и Џејмс Родригез.

– Одигравме добро и играчите заслужуваат комплименти, но никако неможам да замислам среќни лица после пораз и елиминација. Мора под хитно да го смениме менталитетот за доброто на екипата, италијанскиот фудбал и спортот воопшто. Изгледа играчите неможат да разберат дека со секој загубен меч пропуштаат шанса за нешто големо, за некој трофеј или слично, нешто што јас неможам да го поднесам. – рече тренерот на Рома, Лучијано Спалети.


„Кралевите“ со елиминацијата на Рома успеаја да го срушат италијанското проклетство кое ги пратеше цели 29 години.

OhridNews