Поранешниот селектор на „азурите“ и менаџер на Челси, Антонио Конте е пред договор со Интер и презамање на палката во клубот од Џузепе Меаца.

Конте на тренерската позиција ќе го наследи Лусијано Спалети, кој в недела против Емполи за последен пат ќе го води тимот на „нероазурите“. Интер мора да го совлада Емполи и да обезбеди пласман во Лигата на Шампиони, што драстично ќе ги подобри шансите на калчолигашот за ангажман на фудбалери на трансфер пазарот.

49-годишниот стратег година дена е без ангажман, откако доби отказ од Челси, а правдата ја бараше на суд. Тој го доби спорот со „сините“, но мораше една сезона да паузира за англискиот премиерлигаш да му ги исплати потребните средства од договорот.

Конте со Челси успеа да триумфира во Премиер лигата и ФА Купот, а претходно со Италија стигна до финалето на Европското првенство. На почетокот од тренерската кариера Конте го предводеше Јувентус до три последователни титули.

OhridNews