Денес, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол ќе биде отворен првиот SPAR маркет во Охрид. Со новото продажно место, меѓународниот трговски бренд ја продолжува својата експанзија во Македонија, каде што пристигна во мај годинава.

Новиот маркет ќе понуди асортиман со свежи производи, домашни и меѓународни брендови, како и производи од сопствените трговски марки на SPAR.

Од компанијата ја истакнуваат посветеноста на соработката со македонските производители и на градењето долгорочни партнерства што ќе создадат нови можности за домашните производи.

Со отворањето во Охрид, SPAR ја проширува својата продажна мрежа во земјава, со цел да стане дел од секојдневното пазарување на охриѓани.

OhridNews | ПР објава