Во драматична комбинирана акција и од воздух и од земја, денеска, е спасена 68-годишна жена – турист од Чешка, со опасна скршеница на ногата на Галичица, на околу 2 000 метри надморска височина, од спасителите од Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид, а со интервентен хеликоптерски превоз на МВР, прво на спасителите, а потоа, по давањето на прва помош, транспорт и на повредената до најблиско место за давање соодветна специјализирана медицински третман.
Спасителната акција се одвивала буквално во временски меѓупростор на транспорт на доброволци и вода при гаснење пожар на планината Галичица, по што храбрите доброволни спасители од Охрид и пилотите на МВР се вратија на гаснење на големиот пожар на планината, информираат од Центарот за управување со кризи.

Тие овие неколку денови на тешко пристапниот терен се превезувани со хеликоптер на МВР, само со опрема за гаснење и главно дејствувaат на терен како пожарникари на тешко пристапен планински терен. Немале со себе адекватна медицинска опрема, но заради брзината на дејство со хеликоптерот на МВР, веднаш дел од доброволните спасители отишле на местото на несреќата и со импровизирани средства извршиле имобилизација на повредената повозрасна туристка од Чешка, а потоа и нејзино носење до точката каде што можеле да ја стват во хеликоптерот на МВР, потенцираат од ЦУК.

OhridNews













