Три малолетни лица безбедно се извлечени од водите на Охридското Езеро и вратени на копно, во вчерашната акција на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ во близина на хотелот „Бисер“.
Како што информираат од СВР Охрид, малолетниците се наоѓале во изнајмена педалинка, која поради невремето и силниот ветер неконтролирано се движела кон албанските територијални води.
„Езерската патрола изврши итно пребарување на езерскиот квадрант, и на околу 1,5 километри од езерскиот брег наспроти хотелот „Бисер“ ја забележа педалинката и трите малолетници.“ – информираат од СВР Охрид.
OhridNews