Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, најавените археолошки истражувања на просторот на Љубанишко поле, нема да ја нарушат предвидената динамика на реализација на проектот за изградба на туристичкиот комплекс од  Субрата Рој во Љубаништа.

– Она што можам да кажам е дека редовно се одржуваат состаноците со координативната група која е формирана во владата и дека континуирано се вршат подготовките за инвестицијата на Субрата Рој.Имаме податок дека од старна на Завод и музеј ќе се вршат определени истражувања во Љубаништа, но во моментов немам податок дека со тоа би се  одложила реализацијата на проектот. Јас сметам дека нема да има одлагање и дека активностите ќе се одвиваат  согласно предвиденото темпо, изјави Спасески.

Истражувањата на Завод и музеј ќе започнат откако ќе биде добиена согласност од министерството за култура, а по барање на месната заедница на селото Љубаништа, поради претпоставките дека на просторот има културно историски наследство и православни артефакти.

OhridNews