Овој пат, во рамки на одржување на Меѓународната Илинденска едриличарска регата, во соработка со Едриличарските клубови „Бофор“ и „Стрмец“, Црвен крст Охрид ќе организира крводарителска акција на 30.07.2011 г. (сабота), на просторот на Едриличарскиот клуб “Бофор” (кај мостот), во периодот од 10-14 ч.
Покрај хуманите членови на клубот, подржувачите на едрењето, драгоценат течност ќе ја даруваат и спасителите на вода, членови на Единицата за безбедност на вода на Црвен крст Охрид.
Организаторот очекува на акцијата да и се приклучат и голем број хумани граѓани и туристи.