Деновиве во Охрид заврши обуката за нови спасителите на отворени води, која се оддржа со цел зголемување на капацитетите на општинскиот Црвен крст во пресрет на новата туристичка сезона.

Во обуката беа вклучени и спасителите на вода кои активно и професионално се ангажирани на плажите во текот на минатите лета, како истите подготвено да ги дочекаат предизвиците и оваа туристичка сезона.

Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко, истака дека досега само една третина од охридските плажи веќе ги поставиле сите безбедносни услови.

Сето тоа ќе биде нотирано во нашиот извештај, кој ние ќе го предадаме до капетанија. Десеттина од нив веќе ги поставиле сите безбедносни услови. Плажата „Потпеш“  почнала да работи со сите норми што се пропишани во Законот, а оние во „Метропол“ и „Белви“ во петок. Така да се надевам дека сите совесно ќе се однесуваат за да не дојде до некои несакани последици во текот на летото.“ – истакна Точко.

Тој додаде дека на охридското крајбрежје постојат плажи, кои и во минатиот период не ги исполниле минималните услови за безбедност.

Оние плажи кои секоја година на некој начин си играат со Законот, гледам дека и оваа година се заспани, односно не се активирале да обезбедат барем миниум услови да ангажираат спасителни служби и да воспостават критеруиму според законската регулатива.“ – додава Точко.

Претседателот на Црвениот крст Охрид, вели дека во тек е проценка од страна на службите на целото охридско крајбрежје, со цел да се утврди дали се преземени сите мерки пропишани со законската регулатива.

Можам да кажам дека ситуацијата е аларамантна затоа што голем број мостови, наблудувачници и платформи не се во сосотојба да можат да бидат користени, а луѓе доаѓаат тмау. Апелираме до концесионерите да бидат сериозни, ако не ги санираат тие настанати штети кои што се на мостовите, да стават информативни табли на кои што ќе биде назначено дека истите нема да можат да се користат  од страна на посетителите.“ –  истакна Точко.

Инаку, спасувачките екипи на Црвениот крст од Охрид се подготовени да одговарат на предизвикот и оваа туристичка сезона, а во теко обуката истите имаа можност да работат со меѓународниот инструктор по нуркање, Милутин Секуловски.

O.T.