Потребно е да се формира меѓудржавно претпријатие кое ќе стопанисува со колекторскиот систем. Примарна цел на тоа претпријатие треба да биде заштита на Охридското Езеро, односно да не се дозволи отпадните води од македонска и албанска страна да се вливаат во езерото, туку да се изгради цевковод и тие да се пренасочуват кон реката Црн Дрим, истакна Мерко.
Крајбрежјето на Охридското Езеро целосно не е опфатено со колекторскиот систем. Колеторот не е доизграден ниту на македонска ниту на албанска страна, каде неодамна започна да функционира пречистителната станица во Поградец.