Вишиот Управен суд ги отфрли жалбите поднесени од страна на техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски против времените мерки со кои се ставија вон сила незаконските разрешувања на досега 12 директори на Центри за социјални работи и други институции под министерството за труд и социјална политика, изјави денес заменик министерот Диме Спасов.Тој додаде дека со тоа времените мерки донесени од Управниот суд стануваат правосилни.
– Техничката министерка мора да ги испочитува решенијата за времени мерки донесени од страна на судот и да ги врати работите во поранешна состојба, односно да ги врати старите директори на своите работни места . За неизвршување на судска одлука кривичниот законик предвидува кривична одговорност и поради тоа сметам дека мора да се испочитува одлуката на Управниот суд, односно да се испочитуваат решенијата за времени мерки, рече Спасов.
OhridNews