Сега е моментот сите политички партии, сите претставници на народот во Парламентот, да бидат на висината на сопствената должност и да преземеме одговорност за иднината на државата и за нејзината иднина како членка на ЕУ и за правдата, и затоа го охрабрувам дијалогот со Владата за носење на Законот за јавно обвинителство“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата.

Спасовски посебно им се обрати на пратениците од најголемата опозициска партија кои ги повика, како што рече, да ги остават на страна партиските калкулации и политиканство, партиските и личните интереси пред интересите на државата и конечно да се вградат во законот кој што ќе значи гарантирано зголемување на правдата, гарантирано зголемување на судството и на јавното обвинителство.

Претседателот на Владата Спасовски нагласи дека иако ЕУ не го постави донесувањето на Законот за јавно обвинителство како услов, неговото усвојување ќе биде дополнителен позитивен момент кој што ќе биде потребен за да се отпочнат преговорите што е можно поскоро.

OhridNews