„Пораката што ја праќа денешниот празничен ден го одредува патот на нашето внатрешно и меѓусебно помирување и ни помага во градењето на заедница на граѓани исполнети со љубов кон другиот и со меѓусебно почитување. Тоа е концепт што носи добро за сите“, стои во пораката што по повод Прочка ја упатува до граѓаните, претседателот на владата, Оливер Спасовски.
- Ви го честитам денешниот празник и ви посакувам добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување што ги носи овој ден. Овој празник повикува и на тоа да ги оставиме зад нас делбите и конфликтите. Нѐ повикува да се подготвиме за уште посилно да продолжиме да градиме интегрирано општество во кое различностите се богатство за стабилна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани. Пред нас е време на лична и општествена одговорност. Да почитуваме за да бидеме почитувани, да простуваме и да ни биде простено, стои меѓудругото во пораката на Спасовски.
OhridNews