Од денес Охрид добива модерен кофи-шоп за специјални видови кафе и мали деликатеси за носење по примерот на светските туристички центри, лоциран во охридската чаршија. “Shilla Coffee Shop” е проект на “Шила“ – концептуелниот бар кој веќе шест години со својата уникатна приказна и настани од различен карактер внесува свежина во урбаното живеење на Охрид.

Нивниот бренд “Shilla Smoothies“ беше првиот во градот кој понуди смудис и квалитетно кафе за носење – тренд кој продолжија да го следат и други.

Изминативе години позитивните реакции на гостите и препораките на социјалните мрежи од кои најголем дел се од странски туристи покрај другото ја издвоија “Шила“ и во синоним за вкусно кафе. Затоа се решивме да го издвоиме и надоградиме тој сегмент од понудата преку нов специјализиран објект кој ќе се фокусира на бројни и ретки врсти квалитетно кафе и неколку внимателно одбрани производи кои создаваат совршен спој на вкусови и гурманско уживање. – велат од менаџерскиот тим.

За прв пат во Охрид и пошироко посетитетите ќе имаат прилика покрај квалитетно италијанско еспресо да пробаат и специјални типови од 100% арабика кафе со контролирано географско потекло од најпознатите плантажи во Бразил, Етиопија, Јамајка, Кенија, Индија, Костарика, Гватемала. Исто така ќе се приготвува кафе и на други начини како Мока, Ладно Цедено, Френч Прес и слично.

Сакавме мал симпатичен локал по примерот на италијанските еспресо барови и француски бистроа кој нема да плени само со својот надворешен шарм и ентериер туку и со мирисот на свежо мелено кафе, тазе приготвени кроасани и колачи. Новиот објект ќе биде наменет за сите кои знаат да уживаат во секојдневието и убавините на Охрид. – истакнува менаџерскиот тим.

Посебен акцент во соработка со охридската вљубеничка во готвењето Наталиja Деспотовски позната на социјалните мрежи како “Natali Cooking“ ќе биде ставен на уникатни деликатеси припремени по домашни рецепти. Исто така за вљубениците на здравата храна и спортот ќе се нудат и енергетски оброци и барови со органско потекло, информираат од менаџерскиот тим.

ФОТО ГАЛЕРИЈА: