На IV меѓународен натпревар по пијано што се одржа во Тиват, Црна Гора, ученикот на ООМУ „Методи Патче“ – Охрид, Алексеј Чуркоски, освои Специјална 1-ва награда, која ја заслужи со 100 бода.

Специјална 1-ва награда за Алексеј Чуркоски од ООМУ „Методи Патче“ на Меѓународниот натпревар по пијано во Тиват

Во конкуренција од 20 натпреварувачи, оценувани од комисија составена од еминентни професори, Алексеј успешно го претстави училиштето и како победник во категоријата освои и парична награда, објави училиштето.

Алексеј е ученик во трето одделение во ООМУ „Методи Патле“ во класата на наставникот Даниел Чуркоски.

Г.М.
Фото: ООМУ „Методи Патче“