На IV меѓународен натпревар по пијано што се одржа во Тиват, Црна Гора, ученикот на ООМУ „Методи Патче“ – Охрид, Алексеј Чуркоски, освои Специјална 1-ва награда, која ја заслужи со 100 бода.
Во конкуренција од 20 натпреварувачи, оценувани од комисија составена од еминентни професори, Алексеј успешно го претстави училиштето и како победник во категоријата освои и парична награда, објави училиштето.
Алексеј е ученик во трето одделение во ООМУ „Методи Патле“ во класата на наставникот Даниел Чуркоски.
Г.М.
Фото: ООМУ „Методи Патче“