Градските ривали Милан и Интер ќе ги одмерат силите на Џузепе Меаца. По овој дуел во италијанската Серија А можат да се разрешат многу дилеми. Првата меѓусебна пресметка ја добија миланезите со минимални 1-0, стрелец на погодокот беше Роналдињо.


Лацио по црната серија од четири порази во ова 24-то коло ќе има “лесна“ задача на Олимпико каде го пречекува Торино.


Серија А 24-то коло

Сабота
18:00 Лацио – Торино

20:30 Наполи – Болоња

Недела
15:00 Аталанта – Рома, Каљари – Лече, Киево – Катанија, Џенова – Фиорентина,  Јувентус – Сампдорија, Реџина – Палермо, Сиена – Удинезе

20:30 Интер – Милан

Табела: Интер 53 бодови, Јувентус 46, Милан 45, Фиорентина 41, Џенова 40, Рома 40

М.П.