Манчестер Јунајтед со пресврт успеа да го совлада Престон 3-1 и да закажи дуел со Арсенал во 1/4 финалето од ФА Купот.


Домаќините на стартот од вториот дел погодија за 1-0 и го чуваа водството до 65-та минута кога Андер Ерара изедначи на 1-1. Не се чекаше многу за вториот погодок, кој беше дело на Маруане Фелаини, а печат на победата стави Вејн Руни од белата точка.


Во четвртфиналето покрај Јунајтед и Арсенал ќе се сретнат уште Ливерпул – Блекбурн, Брадфорд – Ридинг и Астон Вила – ВБА.

Мх.П.