Манчестер Јунајтед и Ливерпул се избегнаа во 1/2 финалето од англискиот Лига куп, а за противници за пласман во финалето ги добија Хул односно Саутемптон.
Ливерпул и Хул пласман обезбедија претходно, а Манчестер Јунајтед и Саутемптон им се придружија после победите над Вест Хем (4-1) односно Арсенал (2-0).
„Црвените ѓаволи“ на крилата од Златан Ибрахимовиќ и Ентони Марсија кои постигнаа по два голови го елиминираа Вест Хем кој во мечот од Премиер лигата оддолеа на Олд Трафорд извлекувајќи реми (1-1).
„Светците“ го приредија најголемото изненадување во 1/4 финалните мечеви елиминирајќи го Арсенал со триумф на Емирати. Џорди Класи во 13-та минута ја најави сензацијата, а Рајан Бертранд ја осигура за пласман меѓу најдобрите четири.
Првите полуфинални натпревари се играат 9 додека реванш мечевите на 23 јануари следната година.
OhridNews