На 28 март на „Енфилд“ легендите, некогашните и сегашните играчи на Ливерпул ќе одиграат ревијален натпревар во чест на Стивен Џерард.


Едната екипа ја составува Џерард додека противничката ја „собира“ некогашниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер.


Џерард во својот состав ги одбра Луис Суаерез, Фернандо Торес, Чаби Алонсо, Рајан Бабале додека пак Карагер ќе му се спротистави со Риена, Арбелоа, Раул Меирелеш, Анри и Дрогба.


По завршувањето на сезоната во Премиер лигата Џерард ќе замине од Ливерпул и ќе се пресели во америчката МЛС лига, но ќе биде испратен со вистински спектакл.

Мх.П.