Немања Видиќ се повлече од фудбалот, а Црвена Ѕвезда сака на спектакуларен начин да го испрати онаму каде што припаѓа меѓу легендите.
„Црвено белите“ сакаат да организираат пријателски натпревар со клубот во кој српскиот репрезентативец ги доживеа најголемите успеси, Манчестер Јунајтед.
Гостувањето на „црвените ѓаволи“ на Маракана во Белград би било спектакл од светски рамки ако се знае величината на премиерлигашот во фудбалот.
Се што треба за реализација на замислата од Црвена Ѕвезда е самиот Видиќ да се согласи за меч по кој би заминал меѓу легендите.
OhridNews











