Екипата на Ливерпул е се поблиску до пласман во ТОП 4 во англиската Премиер лига. „Црвените“ забележаа минимална победа (1-0) против Ватфорд благодарание на германскиот репрезентативец Емре Чан.


Фудбалерот за врска во судиското продолжение од првиот дел на атрактивен начин со ножички ја погоди мрежата на Еурелио Гомез. Тој погодок на крајот се покажа пресуден и донесе значајни бодови за тимот од Енфилд.


Со трите бодови Ливерпул се искачи на третата позиција со четири бодови повеќе од Манчестер Јунајтед кој има пак има меч помалку.

OhridNews