Во родниот крај над 20 000 луѓе му приредија спектакуларен пречек на Хабиб Нурмагомедов кој ја одбрани титулата во лесна категорија во борбата на деценијата со ирскиот борец Конор МекГрефор. Нурмагомедов до победата стигна во 4-та рунда, откако противникот ја предаде борбата.

Борбата имаше и „трето“ полувреме. Нурмагомедов го прескокна рингот и се пресмета со стручниот штаб на Ирецот, а пред своите поддржувачи се извина за испадот и немилите сцени кои ги предизвика.

  • Сакам да ви се извинам и се надевам дека не ве повредив и разочарав со мојата постапка. Многу неспортски работи беа кажани пред борбата и не можев да се воздржам иако пробав. Едноставно, силен орел не можете да го затворите в кафез. – изјави Нурмагомедов пред 20 илјадната публика.

Рускиот борец за предизвиканиот инцидент се соочи со парична казна и одземање на појасот, а две лица од неговиот стручен штаб кривично ќе одговараат во судот во Лас Вегас каде се одржа борбата.

OhridNews