Во рамките на „Охридските летни фестивалски денови“,кои се во организација на Младинскиот културен центар-Охрид, а во соработка со Европската асоцијација на фестивали, синоќа за првпат се одржа „Првиот Меѓународен фестивал за мажорет тимови и дувачки оркестри“.

Охриѓани и посетителите имаа ретка можност да уживаат во спектакуларните паради кои групите ги изведуваа на повеќе локации на градот  низ улиците на стариот дел од градот, на шеталиштето, кај стариот Чинар  и во центарот на Охрид.

Во атрактивни костими, играјќи на музиката од оркестрите своето парадирање го заокружија со дефиле кое се одржа пред  Центарот за култура „Григор Прличев“.

Четири професионални мажорет тимови и оркестри од Словенија, се претставија со своја програма на кои со игра и песна им се придружија и многубројната публика која ги следеше.

OhridNews