Зимскиот преоден рок во светскиот фудбал заврши без некој спектакуларен трансфер во последните мигови како што се случуваше минатите години.
Купуваа сите по малку, но тивки во овој преоден рок беа Манчестер Јунајтед, Пари Сент Жермен, Баерн Минхен, Јувентус па и Реал Мадрид иако се засили со двајца фудбалери.
Лондонските сини направија одлична зделка откако го продадоа Анреа Шурле во Волфзбург, а со истите средства го ангажираа Хуан Куардадо од Фиорентина.
Единствен клуб, кој го отвори кесето беше Манчестер Сити и за 25 милиони евра го доведе напаѓачот на Свонси, Вилфред Бони.
Премиерлигашите во последниот ден ги зафати лудилотo и така Арон Ленон заврши во Евертон, Дарен Флечер во ВБА, Мухамед Салах замина во Фиорентина, Сантон се врати во Интер.
Во италијанската Серија А најактивни беа Рома и Милан кои ангажираа играчи на позајмица.
Интер предвреме купуваше играчите и мирно го дочека последниот ден од трансфер период, а Јувентус не делуваше заинтересирано за трошење пари.
Барселона има забрана за трансфери, а Реал Мадрид колку толку беше активен купувајќи го тинејџерот Мартин Одегард и Бразилецот, Лукас Силва, но ова е далеку од она што „кралевите“ знаат да го направат на трансфер пазарот.
Ohridnews