Никоја од многубројните честитки за Серена Вилијамс после освојувањето на титулата на Австралија Опен не може да се спореди со специјалната од Мајкл Џордан.


Серена Вилијамс во финалето на Австралија Опен ја совлада постарата сестра, Венус Вилијамс и стигна до 23-та титула во Опен ерата, инаку заштитен број на легендарниот кошаркар.

Мајкл Џордан на Серена Вилијамс и испрати два пара патики „Еир Џордан“ и писмо кое тенисерка го прочита во живо пред милионскиот аудиториум. – Серена, да ја победиш е многу тешко. За тоа се потребни неколку години напорно тренирање, ментална цврстина и да прифатиш дека не сакаш да губиш. Но, да бидеш шампион како Серена е уште потешко. Затоа се потребни способности да учиш многу од секоја победа, а и пораз секако. Серена, ти не си шампион, туку го задржа нивото на кое играше години наназад. Искрено ти честитам за трофејот број 23 и ќе ми биде привелија да те гледам и понатаму. – стои во писмото од Џордан.

OhridNews