Органска храна, јаткаски плодови, сушено овошје, чаеви, зачини и многу други здрави намирници се дел од широкиот избор на производи кои можат да се најдат во новата специјализирана продавницата „Vintage” на компанијата „Паладин Пак“, која свечено беше отворена денеска на улицата „Јане Сандански“ во Охрид.

Оваа продавница е прва на компанијата „Паладин Пак“, која веќе две години успешно се занимава со производство и пакување на храна.

Специјализираната продавница “Vintage” е конципирана во согласност со современите трендови на здрава исхрана, кои се се’ поактуелни и кај нас. Нуди широк избор на природни прехрамбени производи со висок квалитет.

На свеченото отворање на првата специјализирна продавница „Vintage“ на компанијата „Паладин Пак“ присуствуваа голем број гости, кои можеа да се уверат во квалитетната понуда на природна и здрава храна која го збогатува изборот на охриѓани.

ФОТО ГАЛЕРИЈА:

 

 

OhridNews