Навивачите на Барселона подготвија специјална кореографија за дербито со Реал Мадрид кое се игра в недела во 21 часот.
Каталонците по првиот судиски свиреж ќе го обојат стадионот во боите на клубот, а на еден дел ќе стои и „12 jugadors“ што во превод значи 12-ти играч.
Бодовите од „Ел Класико“ не се клучни, но можеби ќе бидат пресудни во борбата за титулата во шпанската Примера.
Мх.П.