За само една година, од 2011 досега, според економските резултати од работењето, компанијата бележи скок за 8 места нагоре на ранг листата на најуспешните македонски претпријатија. „Адора Инженеринг“ која постои повеќе од една деценија и е меѓу првите најбрзорастечки компании во Македонија, годинава гради осум висококвалитетни станбено-деловни објекти со енергетски ефикасни домови во општина Аеродром-Скопје, современ Деловен центар и црквата „Свети Јован Крстител“.