Во знак на внимание и поддршка на Меѓународниот ден на семејството, 15-ти мај, што се одбележува во целиот свет под покровителство на ООН, градежната компанија „Адора Инженеринг“ нуди поволна понуда во текот на мај на квалитетни домови во своите елитни станбено-деловни објекти во Скопје, Охрид и Струмица.

-Секое семејство заслужува квалитетен дом, за современо, економично и здраво домување, за долгорочна среќа на сегашните и идните генерации. Поаѓајќи од суштинската важност на семејството, како најголема вредност за поединците и државата, во ова тешко време во кое живееме, „Адора Инженеринг“ со поволна понуда, сака да им помогне на граѓаните да обезбедат квалитетен, сигурен и среќен дом за своите семејства, да ја подигне свеста за важноста на семејството и да ја поттикне јавноста за поддршка на семејствата во Македонија, како основна клетка на општеството, информират од компанијата.

OhridNews