Спикерот на Сенатот на Канада, Ноел Кинсела, кој престојува во официјална посета на Република Македонија, денес, ќе одржи предавање во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид. Предавањето на спикерот на Сенатот на Канада, Почесниот Ноел Кинсела се одржува на покана на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
Покрај претседателот Иванов, на предавањето ќе присуствуваат универзитетски професори и студенти на постдипломски студии од Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, од Универзитетот Св. Апостол Павле од Охрид, како и студенти од Универзитетите во Грац и Белград од заедничката интередисциплинарна мастер програма на студиите за Југоисточна Европа.
OhridNews
Makfaks