Министерот за образование и наука Панче Кралев поднесе оставка на функцијата, а претседателот на Владата до Собранието достави предлог- нов прв човек во ресорот да биде Спиро Ристовски, досегашниот министер за труд и социјална политика, информира МИА.

Кралев во оставката до премиерот Никола Груевски навел дека од лични и семејни причини не е во можност целосно посветено да ги реализира проектите кои се планирани за следниот период.

За нов министер за труд и социјална политика е предложен Диме Спасов,  актуелен директор на скопскиот Катастар.

За нов министер без ресор е предложен Џери Наумоф, додека на испразнетото заменичко-министерско место во локална самоуправа доаѓа Ѓорѓија Сајкоски.

Според информацијата на МИА, предлогот на премиерот за избор на новите министри ќе биде ставен на утрешната седница на Собранието, како дополнување на дневниот ред.

OhridNews