Златко Спироски од Делта клубот од Прилеп го освои првото место на Пре Европското првенство кое послужи како тест пред Европското првенство кое наредното лето ќе се одржи во Охрид.


Спироски се до последната седма серија беше второ пласиран, но одличниот лет во седмата серија и грешката на неговиот соперник му го донесе првото место.


– Со оглед на тоа дека прогнозата на времето беше доста лоша, , многу добро поминавме сите денови беа успешни, имавме седум серии и добивме добри резултати. Натпреварот протече одлично и технички и организационо, натпреварувачите се презадоволни, и од Охрид си заминуваат со добри импресии, до година очекуваме многу повеќе земји и учесници на европскиот шампионат – рече Спиркоски, зад кого се пласираа бугарите Валери Цветанов и Методи Методиев.


Најдобра во женска конкуренција беше бугарката Гергана Горгиева, пред сонародничката Николина Илиева и Наталија Куренкова од Русија.

–    Беше прекрасно. организацијата беше на одлично ниво, многу сум задоволна од постигнатиот резултат. Се надевам дека овај спорт ќе се развие во Охрид, Македонија и ќе има многу повеќе параглајдеристи, тука да летаат низ Галичица. Погледот е невереројатен од горе, мора да полетата за да го доживеете тоа – истакна Горгиева која најави дека и до година ќе дојде во Охрид на континеталниот собир.


Екипно првото место го освои првиот Бугарски тим, втор беше македонскиот состав, додека втората екипа на Бугарија заврши како третопласирана.

М.П.