Со несмален интезинтет со двојна доза тренизи вицепрвакот Металург ги продолжува подготовките во Охрид.  Фудбалерите дисциплинирано ги извршуваат поставните задачи на тренерот Христов и со нетрпение го очекуваат продолжението на шампинатот, во кој ќе влезат со пет негатива зад лидерот Вардар.

–    Ќе атакуваме на првото место и ќе ги нападнеме петте бода предност на Вардар. Оптмиста сум дека можеме да ја достигнеме “црвено-црната“ предноста петте бода не се многу и сигурно додека има и теоретски шанси ние ќе се бориме – рече Несторски кој како позајмен од тимот на Словачко ќе настапува во тимот на Металург

Неговото размислување го дели  и капитенот Миле Крстев кој вели дека “металрузите“ ќе се фокусираат на својата игра, и дека во чекор ќе го следат лидерот.
–    Остануваме во борба за титулата, одиме од натпревар во натпревар да победуваме и ќе ја следиме ситуацијата – вели Крстев.

Во поголемиот дел од подготовките скопјани мака мачеа со временските прилики, конечно покрај Охридското езеро ќе може порелаксирано да работат, но и да одиграат некоја пријателска средба. На првата контрола видивлива беше желбата кај “зелените“ за надигрување , а цехот го плати Дрита која беше совладана со 8-1.

–    Условите во кои се подготвуваме беа отежнати , скоро месец дена се подготвуваме во сала па потоа во балон, после дваесетина дена излезеговеме на терен и нашата желба за триумф беше голема.  Задоволен сум од својот учинок – вели Нестороски кој постигна хет-трик во убедливата победа.

Интенцијата на клубот но и на тренерот Христов е да се подмлади екипата. Се очекува спојот младост и искуство,да ги даде посакуваните резултати.

–    Во клубот има одлична атмосфера, многу добро сме прифатени од повозрасните и имаме одлична хемија во соблекувалната – истакна младинскиот репрезентативец Нестороски.

Еден од луѓето задолжени за креирањето на атмосферата во клубот е капитенот Крстев кој ја потенцираше вредната работа на комплетниот тим во текот на подготвките.

–    Атмосферата во клубот е топ, имаме неколку млади и талентирани фудбалери, имаме и неколку искусни фудбалери кои ќе се комбинираат,очекувам овај спој да да добар плод сезонава – завршува Крстев.

Нареден противник во Охрид за Металруг ќе биде истоимениот лигаш и тоа в недела на пладне.

фото Емилио
М.П.