Спомен куќата на Тоше Проески изградена според проектот на „Синдикат студио“ ја доби наградата за најдобро архитектонско дело за 2011 година на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона.
Зад првонаградениот проект, се најдоа Музејот на сеќавањата и толеранцијата во Мексико Сити и Атмосфера во Калкута.
На меѓународниот конкурс беа пријавени над 1000 проекто од целиот свет.
Спомен куќата на Тоше Проески во Крушево е изградена во форма на крст на површина од околу 870 метри квадратни, според идејниот проект на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски, во соработка со Илија Божиновски.












