Откако изминатиот период надлежните го санираа спомен обележјето на холандскиот писател и пријател на Охрид и Македонија, А. Ден Долард, овој паметник повторно е мета на несовесни поединци.
Граѓаните истакнуваат дека еден ваков споменик не заслужува да биде во очајна состојба, бидејќи Долард важи за еден од најголемите промотори на нашиот град во Холандија.
Споменикот кој беше откриен во 2006-та година, поради лошиот материјал кој е неотпорен на надворешни атмосферски влијанија, е осуден на долготрајно пропаѓање.
OhridNews
Фото: Мишо Јузмески