Споменикот на холандскиот писател и пријател на Охрид и Македонија, А. ден Долард, веќе подолг временски период се наоѓа во лоша состојба.
Граѓаните велат дека уште од неговото подигнување во 2006-та година, поради лошиот материјал кој е неотпорен на надворешни атмосферски влијанија, споменикот е осуден на долготрајно пропаѓање.
Охриѓани се надеваат дека соодветните институции ќе изнајдат средства, за санирање на спомен обележјето на еден од првите „абмасадори“ на Охрид и Македонија во Холандија.
О.Т.
фото: Мишо Јузмески