Споменикот на Св. Наум Охридски Чудотворец, денеска ќе биде монтиран на постаментот во паркот пред Рибниот ресторан.

Поставувањето ќе го следи авторот на споменикот, академик Томе Серафимоски, кој изработи и мала гипсена фигура според која неговото дело беше излеано во бронза во Белград, Србија. Според најавите таа ќе биде поставена во манастирскиот комплекс Св. Наум.

Споменикот на „Свети Наум Охридски- Чудотворец“ свечено ќе биде откриен во недела.

OhridNews