Ден по објавувањето на позитивниот тест на допинг контролата на Марија Шарапова не стивнуваат реакциите во „белиот спорт“.
Мартина Навратилова јавно ја поддржа Русинката која собра храброст и пред целата спортска јавност ја призна грешката и ја прифати вината.
Според првичните извори на англиските медиуми 28-годишната тенисерка ќе се соочи со суспензија од две до четири години.
Олеснителна околност за популарната „Маша“ е тоа што ја прифати вината и без одбегнување на одговорност откако беше позитивна на лекот „Мидронат“.
Спортската компанија „Најк“ веднаш го раскинува договорот со Шарапова која му зададе тежок удар на женскиот спорт.
– Изненадени сме од ваквиот развој на настаните со Шарапова. Донесовме одлука да го прекиниме договорот бидејќи нејзиниот случај не кореспондира со нашата цел во спортот. – коментираат од Најк.
Каков лек беше кобен за руската убавица Марија Шарапова ??
Видео: Марија Шарапова позитивна на допинг тест на Австралија Опен !
OhridNews












